Клоп: Играме финале за сите луѓе во Украина, војната се уште трае

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп им го посвети саботното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид во Париз на граѓаните на Украина, изразувајќи поддршка за таа земја против руската инвазија.

Натпреварот, кој е своевиден реванш од финалето во 2018 година, требаше да се игра во Санкт Петербург, но по руската инвазија на Украина беше префрлен во Париз.

„Среќен сум што натпреварот е тука поради илјада причини. Војната се уште трае и мораме да размислиме за тоа“, изјави Клоп за новинарите.

Германецот рече дека преместувањето на финалето во Париз е „вистинската порака што Русија треба да ја добие“.

„Ова финале го играме за сите луѓе во Украина. Сигурен сум дека некои луѓе таму сè уште можат да го гледаат и ние го правиме тоа за вас, 100%“, рече Клоп.

Ливерпул се надева дека ќе го освои третиот трофеј оваа сезона по освојувањето на Лига Купот и ФА Купот, додека Реал се стреми да придонесе за триумфот во Ла Лига со освојување на рекордната 14-та титула во Лигата на шампионите.

Слични содржини