Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја откри единствената причина која може да го натера да го напушти клубот, со кој е врзан долгорочно до летото 2022 година.
„Јас ги исполнувам своите договори, додека моето семејство се чувствува добро и додека им се допаѓа тука. Но не секогаш работите се целосно во мои раце, особено во фудбалот. Навистина се надевам никогаш да не доаѓаме до моментот во кој луѓето ќе се надеваат утре да ме нема“, рече Клоп пред весникот „Телеграф“.
„Во моментов ситуацијата не е таква и јас сакам да останам долго време во Ливерпул. Никој не ме принудувал да потпишувам толку долгорочен договор“, рече уште Германецот, уверувајќи дека дури повик од Баерн Минхен нема да го натера да избега од „Енфилд“.
Како што е познато, Клоп е меѓу фаворитите за нов тренер на баварскиот гигант и пред неколку дена дури неговиот агент се изрази дека комбинацијата меѓу двете страни би била идеална.