Клоп: Јувентус и Баерн можеби го потценија Виљареал, но тоа нема да ни се случи нас

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали својот колега од Виљареал, Унаи Емери. Германецот сугерираше дека досегашните жртви на „жолтата подморница“ во Лигата на шампионите – Јувентус и Баерн (Минхен), можеби донекаде го потцениле шпанскиот тим, но тоа сигурно нема да им се случи на „црвените“ во претстојното полуфинале.

„Порано имав голема почит кон Унаи и тимот, но ги гледав натпреварите со Баерн и Јувентус и бев импресиониран. Унаи е тренер кој е опседнат со детали. Тој се подготвува за сите ситуации. Тие имаат различни начини да ги градат своите напади, да притискаат и да реагираат на различни резултати. Имаат тренер од светска класа кој врши неверојатна работа.

За останатите турнири денеска нема потреба да се зборува, бидејќи сме фокусирани на мечот со Виљареал кој е полуфинале. Овој натпревар е посебен, луд, огромен. Толку многу тренери и играчи даваат се од себе цел живот, но не можат да се доближат до тоа. Мораме да го цениме и да уживаме.

Јувентус и Баерн можеби малку го потценија Виљареал, но тоа нема да ни се случи, особено по овие четири натпревари. Тие сакаат да бидат во финалето, но тоа важи и за нас. Знам дека ќе има моменти кога ќе страдаме, но не треба да бидеме нервозни, бидејќи можеме да ги натераме да страдаат“, изјави Клоп на денешната прес-конференција.

Слични содржини