Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, истакна дека не планира да троши милиони за нови засилувања.
„Црвените“ ја освоија титулата во Премиер лигата, по три децении чекање. Откако стана сигурно дека клубот од „Енфилд“ ќе стане шампион, започнаа приказни за можни засилувања.
„Пандемијата на коронавирус влијаеше врз приходите и расходите. Ова нема да биде возбудливо лето кога станува збор за трансфери“, рече Клоп.
„Но, кога ќе го разгледам тимот, не треба многу да се смени. Немаме стартни 11, туку 16 или 17. Сите тие можат да играат на исто ниво. Не можеме да потрошиме милиони и милиони. Сакаме да подобриме тим кој е веќе добар. Прашање. е како да се зајакне веќе силен тим? Не станува збор за пари, треба да бидете креативни, да најдете решенија и во клубот“, изјави Германецот.
Во понеделникот беше објавено дека Ливерпул реши да го понуди играчот на хрватската репрезентација Дејан Ловрен за стоперот на Наполи, Калиду Кулибали, плус 60 милиони евра.