Клоп: Ќе останам до 2024 година а потоа, благодарам многу

од Vladimir Zorba
330 прегледи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп нема намера да остане на клупата на „црвените“ по истекот на неговиот договор.

Договорот на германскиот стручњак истекува во јуни 2024 година, а како што стојат работите тој засега нема намера да го продолжи. Иако последниве години стана синоним за успесите на клубот од „Енфилд“, мали се шансите да остане и потоа.

„Планот е да останам до летото 2024 година, а потоа, благодарам многу“, изјави Клоп за Атлетик.

Меѓутоа, под посебни околности ја отвори вратата за да се премисли.

„Само ако имам ниво на енергија да продолжам. Го сакам тоа што го работам, но неколку пати реков дека има и други работи во светот освен што постојано размислувам за многу вешти, згодни, фантастично убави фудбалери! Сега сум полн со енергија, но мораме да се погрижиме да остане така“, вели Јирген.

Со години создаваше препознатлив тим на Ливерпул, кој влезе во срцето на сите фанови.

„Ако одлучам да си заминам во 2024 година, тоа нема да има врска со квалитетот на тимот. Со тоа „Боже, морам да ги тренирам“, или „Боже, подобро да престане да ги водам“. Нема да има врска со тоа. Овој клуб мора да биде „подобар, особено кога веќе не сум таму и тоа е планот, на тоа работиме. Не е важно колку долго ќе останам, поважно е што ќе правиме до тогаш“, заклучи Клоп.

По победата од 1-0 над Вест Хем, Ливерпул е втор со три бода помалку од Манчестер Сити.

Слични содржини