Клоп: Крај на ротациите! Тие ми требаа, за да бидеме во форма сега

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп објасни дека се потпирал на ротации во последните два месеци од минатата година, за да може неговите главни играчи да бидат во оптимална форма за Лигата на Шампионите и најважните натпревари во англиското првенство.

„Го ротиравме составот во ноември и декември, за да бидеме во форма сега и за да можеме да се обложуваме на нашите најдобри играчи во секој натпревар. Имаме потреба од нив и се надевам тие да бидат на мое располагање. Веќе нема ротација. Излегуваме за сè или ништо“, рече тој.

Дејан Ловрен, изјави дека Ливерпул има сила да ја освои ЛШ.

„Се разбира дека можеме. Ако сме здрави и се браниме добро, ако ја покриваме секоја педа од теренот, имаме голема шанса. Имаме квалитетите да победиме секого“.

Слични содржини