Клоп лут на судијата и ВАР по поразот од Вест Хем

од Vladimir Zorba
418 прегледи

По поразот од 2-3 на гости кај Вест Хем во неделата во 11. коло од англискиот шампионат, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше многу лут на судијата на натпреварот и на ВАР судијата.

Вест Хем поведе во 4. минута по корнер и воздушен дуел помеѓу голманот Алисон Бекер и домашниот дефанзивец Огбона, по што Алисон ја смести топката во сопствената мрежа.

Клоп смета дека Огбона направил прекршок врз голманот: „Според мене, тоа беше чист фаул. Но, судијата отиде да си ја олесни работата и да види што кажа ВАР. Според ВАР, тоа не беше очигледно и ете ти гол, навистина чудно“.

На Клоп му пречеше уште еден детал, а тоа беше дуелот на дефанзивецот на Вест Хем, Кресвел кој го поткачи коленото на гостинскиот играч за врска Хендерсон. Според него тоа било за црвен картон.

„Точно е дека Кресвел ја удри топката, но ако е невнимателен старт, не е важно дали ја удираш топката, не можеш да одиш толку високо со ногата. Има премногу ситуации кога се потпираме на ВАР и потоа имаме проблем со очигледни грешки. Кој и да има за ВАР судија, се крие зад судијата на теренот. Тоа беше голем проблем за нас на овој натпревар“, изјави Клоп.

Слични содржини