11
Германскиот тренер Јирген Клоп е назначен за директор на глобалниот фудбал во Ред Бул, соопштено е денеска.
Во соопштението се наведува дека Клоп оваа функција ќе ја преземе од 1 јануари следната година.
Германскиот стручњак ќе биде задолжен за мрежата на фудбалски клубови Ред Бул, во која меѓу другите се Салцбург, Лајпциг, Њујорк и Бренгантино.
Клоп ќе ги советува сите тимови на Ред Бул за тренерски прашања, филозофија на играта, развој на таленти и трансфери, главни тренери…