326
Атлетико Мадрид го пречекува Ливерпул во дербито на третото коло во Лигата на шампионите, а менаџерот на англискиот гигант Јирген Клоп крена бура пред натпреварот во Мадрид.
– Диего Симеоне прави апсолутно се како што треба. Тој е шампион на Шпанија, има многу фудбалери од прва класа, и тие се борат за живот со се што имаат. Тоа кажува многу за квалитетот на Диего и не би можел да го почитувам повеќе она што го прават. Дали ми се допаѓа нивниот начин на игра? Не премногу, но тоа е нормално, бидејќи различни тренери сакаат различни стилови на фудбал – истакна Клоп.
Тимот од Мадрид ќе ги пречека „црвените“ вечерва од 21 часот.