Клоп: Не се плашам дека ќе бидам отпуштен како Тухел

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Фудбалерите на Ливерпул претрпеа тежок пораз на гостувањето кај Наполи (4:1) во првото коло од групата А на Лигата на шампионите, а по натпреварот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, нивниот тренер Јирген Клоп изјави дека е не се плаши дека ќе помине како неговиот сонародник, тренерот на Челси – Томас Тухел.

Лондонскиот клуб му врачи отказ на Тухел по поразот од Динамо Загреб (1:0) на стартот од групната фаза од елитното натпреварување.

„Навистина не се плашам, тоа не е така. Нашите сопственици се многу мирни и очекуваат јас да ја решам ситуацијата, а не некој друг“, изјави Клоп по мечот со италијанскиот клуб, а пренесуваат бројни европски медиуми.

Германецот истакна дека на неговиот тим му недостига многу во играта и дека следниот ривал Вулверхемптон секако со нетрпение го очекува мечот со Ливерпул во Премиер лигата.

„Мораме да најдеме нов тип на фудбал, иако сите би биле среќни кога би можеле да играме како порано. Одамна не сум не видел понекомпактни од вечерва. Наполи беше многу добар, но ние им олеснивме. Ни недостига многу. За три дена играме против Вулверхемптон. Ако го гледаа натпреварот, веројатно сега не можат да престанат да се смеат. Тие ќе го гледаат ова како совршен момент за дуел против Ливерпул, и јас би се согласил со тоа“, изјави тренерот на Ливерпул.

Во вториот натпревар од групата А на Лигата на шампионите, Ајакс во Амстердам го совлада Ренџерс од Шкотска со 4:0 (3:0).

Слични содржини