Клоп: Никогаш не сум ги видел Сити да страдаат толку многу како денес, бевме неверојатни

од Vladimir Zorba
213 прегледи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по натпреварот со Манчестер Сити изјави дека неговиот тим денеска покажал дека го заслужува второто место на табелата во Премиер лигата.

Германецот даде свое мислење и за контроверзната ситуација во судиското надополнување кога Џереми Доку го удри Алексис Мекалистер во шеснаесетникот. Не беше досуден пенал, но според Клоп, за сите фудбалери тоа беше 100% пенал пропратен со жолт картон.

„Тоа беше многу добар фудбалски натпревар. Сензационално. Во првите десет минути бевме во брзање, а Сити беше многу директен. Нашиот учинок во второто полувреме беше најдоброто што сме го напавиле против Манчестер Сити. Секако дека погодија статива, но требаше да постигнеме два-три гола. Мислам дека никогаш не сум ги видел да страдаат толку многу како денес. Бевме неверојатни“.

„Имаше ли пенал на крајот? Сто проценти. За сите фудбалски луѓе на оваа планета ова е чист пенал. Знам дека ќе најдат некое објаснување. Секаде на теренот е 100% фаул и веројатно жолт картон. Можеби судиите можат да се сокријат зад фразата дека тоа не беше јасно и очигледно. Секако дека е пенал. Најважно е дека можеме да играме ваков фудбал. Видов многу сензационални работи денеска“, изјави Клоп по мечот на „Енфилд“.

Фудбалерите на Ливерпул и Манчестер Сити денеска ремизираа на „Енфилд“ со резултат 1:1 (0:1) во натпреварот од 28. коло на Премиер лигата.

Водечкиот гол за гостите денеска го постигна Џон Стоунс во 23. минута, додека Алексис Мекалистер го постигна израмнувачкиот гол за својот тим во 50. минута од пенал.

Слични содржини