Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се изрази доста дипломатски по големата победа со 5:0 над Порто синоќа, откако им оддаде почит на декласираните „змејови“.
„Ние го одигравме натпреварот многу професионално, многу зрело и во точните моменти бевме доста агресивни. Се браневме добро, подобро игравме на контра-напад, ја задржувавме топката и движењето ни беше одлично“, истакна германскиот специјалист.
„Но синоќа воопшто не ни беше лесно. Се трудев доста цврсто и момците уживаа во работата, тоа е најважното нешто. Головите ни беа фантастични. При првиот Дејан Ловрен ја освои топката и Садио добие можност да шутира, а при вториот Мо направи убав финиш, а третиот одигравме фантастично на контра-напад. Сите фантастични и ние имавме потреба од нив“.
„Видов многу убави настапи од нашиот тим синоќа и таков резултат е можен само ако сме одлични во секој поглед. Сите се претставија добро. Се разбира дека Садио е играч на натпреварот со три гола, но коефициентот на корисно дејство на Роберто Фирмино е исклучителен. Се надевам дека Салах нема да запре на 30 гола оваа сезона. Направивме се како што треба и само тоа е патот да бидеме успешни“, додаде Јирген.