Клоп по драмата против Њукасл: Совршен момент да се добие овој натпревар

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше пресреќен по тешката победа од 2-1 над Њукасл. Успехот на „црвените“ дојде длабоко во дополнителното време. Тренерот верува дека тоа бил совршен момент да се добие натпреварот бидејќи неговиот тим ја казнил противничката екипа за забавувањето на играта.

„Тоа беше совршен момент да се добие овој натпревар. Натпреварот беше тежок, со многу емоции и агресивна одбрана. Тешко е да се најде ритам во играта кога работите не одат како што треба од самиот почеток. Дури и пред да примиме гол, имаше ситуации во кои изгледавме очајно. Моравме да најдеме начин да се смириме. На крајот успеавме да дојдеме до победата со тој прекрасен гол на роденденското момче. Тоа е најдобриот начин да се добие натпревар. Мислам дека постигнавме гол во 98. минута. Тоа беше одличен одговор на тоа што противникот да ја забавуваше играта“, изјави Клоп.

„Фудбалот може да се движи на кој било начин, но овој пат отиде на вистинскиот пат. Мило ми е што сите видоа што се случи вечерва. Беше тежок натпревар и Њукасл вложи многу напор да не спречи. Беа блиску дури и до победа. Но луѓето претпочитаат да гледаат фудбал наместо постојани прекини во играта. Судијата требаше порано да почне со картоните. Не знам од кога шутирањето на топката не се казнува со жолт картон. Кога го отстранија тоа правило? Не знам дали тие тоа го правеа намерно или навистина противничките играчи имаа болки, па постојано се грчеа на земја. Навистина не знам“, додаде Германецот.

Слични содржини