Клоп по поразот од Челси на „Енфилд“: Тежок удар, но не е готово

од Vladimir Zorba

За прв пат во историјата на клубот, Ливерпул претрпе пет порази по ред на „Енфилд“, кризата е голема, ја продлабочи Челси, кој синоќа славеше со 1: 0.

„Црвените“ се само седми на табелата со 43 бода, одамна е јасно дека титулата е загубена, но местото во Лигата на шампионите следната сезона сега е многу далеку.

„Со поседот што го имавме мораше да создадеме повеќе шанси. Ова е сериозен удар, но сè уште не е готово“, изјави Јирген Клоп.

Очигледно, најважна за Ливерпул сега ќе биде Лигата на шампионите, каде се наоѓа на чекор до четвртфиналето откако во првиот осминафинален меч го совлада Лајпциг со 2-0.

„Ние мора да се бориме, да излеземе од оваа криза. Треба да бидеме силни, но верувам дека ќе успееме. Се е до момците“, рече Клоп.

Слични содржини