Јирген Клоп си заминува од Ливерпул, тоа е веќе сигурно, а медиумите на Островот веќе бараат нов клуб за него. А се чини и дека го нашле.
Според „Индепендент“, славниот тренер следната сезона би можел да се врати во редовите на „милионерите“, но не како тренер, туку би добил место во управата на клубот.
Најпрво се зборуваше дека Клоп ќе ја преземе функцијата селектор на Германија, но кога Јулијан Нагелсман го продолжи договорот со „панцирите“ беше јасно дека ништо нема да излезе од тоа.
Потоа медиумите на Островот, актуелниот тренер на Ливерпул го преселија во Минхен, но и од тоа ништо.
Како што сега стојат работите, Клоп треба да ја преземе улогата на спортски директор во Борусија, иако се уште не се знае што ќе биде со Себастијан Кел, кој моментално ја извршува оваа функција.
Како што е познато, Јирген Клоп освои две титули со Борусија во Германија и играше во финалето на Лигата на шампионите, каде беше поразен од Баерн Минхен.