Клоп: Тежок удар, глупаво е да се зборува за титула

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалскиот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека поразот од Барнли е „тежок удар во лице“ и ја презеде целосната одговорност.

„Ова е тежок удар во лице. Ако нешто не оди, треба повеќе да се трудите, почесто, подолго … Ако седам тука, губам од Барнли, не постигнам гол барем на четири натпревари и зборувам за трката за титулата, колку би било глупаво тоа?“, изјави Клоп за британските медиуми.

Ливерпул беше поразен со 1-0 од Барнли на „Енфилд“ во Премиер лигата во четвртокот вечерта.

Сега има шест бода помалку од лидерот Манчестер Јунајтед, а има и пет врзани натпревари без победа.

„Ова е тешко, не е лесно да се објасни. Овие момци не се вид на луѓе кои по 7: 0 против Кристал Палас помислија дека ќе биде лесно, и не беше“, рече Клоп.

Слични содржини