Клоп за Суперлигата: Кој би го гледал тоа?

од Nikola Popovski

„Дванаесет најважни европски фудбалски клубови објавија дека постигнале договор за формирање на ново натпреварување – Супер лига“, Реал Мадрид, Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем објавија доцна синоќа.

Многу љубители на фудбалот се разочарани од оваа одлука. Тие сметаат дека европскиот фудбал се претворил во американска НБА лига, дека заработката на клубовите е на прво место и дека со овој потег ја уништуваат можноста клубовите со помал профит, а голем потенцијал да играат во таква лига.

Еден од најжестоките противници на Суперлигата е Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, клубот кој се приклучи на Суперлигата. Британските медиуми ги извлекоа изјавите на Клоп за Суперлигата во 2019 година.

„Се надевам дека до Суперлигата никогаш нема да дојде. Фудбалот е прекрасен со Лигата на шампионите и Лигата на Европа. За мене, Лигата на шампионите е вистинска Суперлига, натпреварување во кое не играте секогаш против исти клубови. Секако парите се важни, но зошто да се изгради систем каде Ливерпул ќе игра со Реал Мадрид десет години по ред? Кој би го гледал тоа?!“, рекол Клоп.

Слични содржини