Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, филозофски го прифати ремито 1-1 со Кристал Палас.
Натпреварот не помина особено добро за „црвените“, кои најпрво си дадоа автогол, а потоа останаа во шок, откако Дарвин Нуњез доби црвен картон.
Сепак, „црвените“ добија барем бод и Германецот, според околностите, е подготвен да го прифати.
По мечот најпрво го коментираше црвениот картон на Нуњез.
„Секако дека тоа е црвен картон. Тој беше провоциран цело време, но тоа не му дава право да реагира така. Дарвин знае дека тоа не е реакцијата што сакам да ја видам од него. Централните бекови ќе прават такви работи а тој не може така да реагира. Оваа ситуација не е добра за нас, но тој ќе ја научи лекцијата. Ќе разговарам со него. Казната ќе ја искористиме продуктивно. Ќе ја нагласиме физичката работа за да го направиме посилен – ова не е казна, целта е да го направиме посилен“, рече Клоп.
„Горд сум на овој пресврт, особено по неделата што ја имавме со сите проблеми со повредите. Беше како да имавме вештерка во зградата. Не сакавме да освоиме бод, но по се што се случи, ние ќе го прифатиме“, додаде тренерот.