Клоп за „заминувањето“ на Салах: Единствената причина може да биде лошото време

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека не е загрижен за се почестите приказни за тоа како Мохамед Салах ќе го напушти клубот од „Енфилд“.

Ливерпул ја пречекува ВБА во недела на 27 февруари, а Клоп е свесен дека неговиот тим мора да продолжи да победува за да ја зачува лидерската позиција.

Салах неодамна во интервју за шпански „АС“ изјави дека е поласкан од интересот на Барселона и Реал и дека е разочаран што не ја добил капитенската лента за мечот од Лигата на шампионите со Митјиланд.

На прашањето што мисли дали Салах може да го напушти клубот, Клоп само се насмеа:

„Ние секогаш можеме да бараме меѓу редови она што ни се допаѓа. Единствената причина да го напушти Ливерпул во моментов може да биде лошото време. Дали е доволна една причина? Ова е еден од најголемите клубови во светот, ние му плаќаме добро. Можеби не најмногуво светот, но сигурно го плаќаме добро и имаме сензационален стадион за неверојатни навивачи, со голема база на поддржувачи ширум светот“, вели Клоп.

Германецот вели дека никогаш нема да го убедува да остане ако сака да замине.

„Нашите бои се црвени, најубави. Не можете да ги присилувате луѓето да останат, тоа е како што е. Сè е во моментот, вистинскиот момент, такви работи. И ние го менуваме тимот, носиме играчи, и ако некој сака да си замине, не можеме да го задржуваме. Единственото нешто што не го разбирам е зошто некој би сакал да замине сега. Кога Мо одговори на прашањето, тој рече дека е можно да се заинтересирани, тој не ја исклучи таа можност. Да го прашате кој било играч во светот што не игра за тие два клуба, „дали би сакале да играте таму“, дали мислите дека одговорот ќе биде негативен? Тој само рече дека ќе види што ќе донесе новиот ден и дека во Ливерпул е во добри раце. Сè е во ред“, рече Клоп.

Салах е обврзан со договор со Ливерпул до 2023 година.

„Предизвикувачки е да се работи со него и на добар начин. Тоа е моја работа. Работата е што треба да ги натерате играчите да имаат голема самодоверба“, заклучи германскиот стручњак.

Слични содржини