196
Јирген Клоп напиша уште една страница со златни букви во историјата на Ливерпул. Германецот ја забележа 200-та победа во Премиер лигата, а за престојот на „островот“ има 318 натпревари, што му го прави билансот позитивен.
Достигнувањето го одбележа успехот против Челси со 4:1 во средбата од 22. коло на шампионатот. Токму против истата опозиција во 2015 година Клоп ја забележа првата победа како менаџер на 19-кратните шампиони.
Само Пеп Гвардиола ја достигна истата бројка побрзо, со тоа што менаџерот на Манчестер Сити победи на 200 од првите 269 натпревари во англиската Премиер лига.
Тие двајца се единствените менаџери кои ја освоиле титулата во Англија од 2016 година и сензацијата на Лестер и Клаудио Раниери.