Менаџерот на Ливерпул во заминување, Јирген Клоп изјави дека е воодушевен од работата на Чаби Алонсо, тренерот на Баер Леверкузен за кој многумина веруваат дека ќе биде негов наследник.
Леверкузен моментално е прв во Бундеслигата со 55 бодови, пет повеќе од второпласираниот Баерн.
Алонсо го презеде Баер минатата сезона, кога Фармацевтите беа во зоната за испаѓање.
„Чаби врши исклучителна работа. Тој брзо го трансформираше Баер и му даде печат на тимот. Новата генерација на тренери е веќе многу „присутна“ и би рекол дека Алонсо е најдобар меѓу нив. Беше врвен фудбалер, а татко му беше и тренер. Тоа помага, како и фактот дека малтене размислувал како тренер дури и за време на неговата професионална кариера. Фудбалска филозофија, тимска подготовка, избор на аквизиции и трансфери… тоа е неверојатно. И да ме прашавте пред два месеци за него, реакцијата ќе беше идентична“, изјави Клоп, а потоа продолжи:
„Диносаурусите“ од сега постарата генерација – Карло Анчелоти, Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола би рекол – веројатно нема да работат уште две децении. Можеби Жозе, но за нас останатите не верувам. Верувам дека еден ден Чаби ќе биде менаџер на Ливерпул, но спортскиот директор на Баер, Симон Ролфес изјави дека е сигурен дека ќе раководи со Леверкузен следната сезона. На него гледаат сите врвни тимови – вклучувајќи ги Баерн и Реал. Ќе биде трка за потписот на Чаби, но мислам дека ќе дојде не ова лето, туку следното“, заклучи Клоп.