Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстранил спорните содржини, ќе поведеме прекршочна постапка, велат од КСЗД

од Nikola Popovski
307 прегледи

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска на прес-конференција информира дека бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ не ги отстранил спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината.

-Донесовме мислење со препорака која што истекува денес. Откако ќе заврши рокот, Комисијата ќе заседава и доколку препораката не е исполнета, согласно нашите законски надлежности, ќе поведеме прекршочна постапка, рекоа денеска од КСДЗ.

Според нив, првичната идеја е да се отстранат сите услови или практики кои создаваат нееднаквост во општеството.

– Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство, изјави членот на Комисијата, Весна Бендевска.

-Министерството за правда има обврска да изврши вонреден надзор на законитоста во примената на Законот за здруженија  и писмено да не информира. Културниот центар треба да докаже дека во Централен регистар ќе го смени името и актите во кои стои дека нивна цел е промоција на ликот, делото и идеологијата на  Иван Михајлов, додаде Бендевска.

Според законот, казната е меѓу 3 и 10 илјади за правно лице и таа ја одредува прекршочен суд.

Собранието ги донесе измените на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии, со кои се осудува промовирањето на фашизам и нацизам. И двата закони се донесоа по скратена постапка.

Предложените законски измени на двете партии успедија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пратениците на 17 октомври дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Слични содржини