Клучните фудбалери на Ливерпул остануваат надвор од теренот

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот ја објасни ситуацијата со повредените играчи во тимот. Многумина од нив се очекуваше да се вратат по репрезентативната пауза, но се чини дека тоа нема да биде случај.

Слот зборуваше пред патувањето на лидерите во Премиер лигата во Саутемптон во недела.

Надвор од игра остануваат голманот Алисон Бекер, Диого Жота и Трент Александер-Арнолд. Сепак, на средбата ќе учествува Вирџил ван Дајк, кој пред неколку дена беше предвреме пуштен од таборот на Холандија и се шпекулираше дека може да има и здравствен проблем.

На прашањето за Алисон Бекер, Слот рече: „Ние сме внимателни со секој играч, особено кога станува збор за повреди на мускулите. Алисон веќе тренира со тренерот на голманите. Тој се уште не тренира со тимот, но очекуваме тоа да се случи наскоро. Дури тогаш ќе видиме каква е неговата физичка состојба. Секој ден е се подобар и подобар, но не е подготвен да игра во недела“.

„Вирџил е добро. Тренираше со нас денес. Трент се уште не тренира, но очекуваме наскоро да се врати. Харви Елиот тренира со тимот што е позитивна работа. Тој беше надвор од теренот многу недели, но сега е на тренинг теренот со тимот. Диого Жота е надвор од групата, иста е ситуацијата со Федерико Киеза. Очекуваме сите да се вратат за неколку недели, но последната фаза на закрепнување е секогаш најтешка. Да почекаме и да видиме, но Вирџил е сосема здрав“, изјави Арне Слот.

Слични содржини