Клум и Каулитц се тестираа на коронавирусот па покажаа како се бакнуваат преку прозорец

297 прегледи

Познатата манекенка Хајди Клум неодамна на својот Инстаграм профил објави видео во кое изразила загриженост бидејќи се сомнева дека се заразила со коронавирусот. Клум се разболела на снимање на американската верзија на Суперталент, во која е една од членките на жирито.

Во меѓувреме, таа и сопругот се тестираа, но се уште се чекаат резултатите и таа се наоѓа во самоизолација во својот дом, а се изолирале еден од друг. Но и покрај раздвоеноста, парот нашол начин да биде интимен. Клум објавила видео во кое открила како разменуваат бакнежи во време на пандемија.

https://www.instagram.com/p/B9vJ3QvJy1c/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

„Не сакаме да шириме зараза и да ризикуваме и други да се разболат… Дури ниту да се заразиме еден со друг! Колку и да сакам да го прегрнам и бакнам, поважно е да се направи вистинската работа, а не да се шири вирусот“, напишала Клум во описот на видеото.

Хајди признала дека „ова се чудни времиња“, но ги поттикнала своите пријатели да бидат одговорни. ќ

„Сите сме заедно во ова и на нас е да ги штитими саканите, но и блиските и нашата заедница“, повикала Хајди.

Слични содржини