Клуни е подготвен за претседател

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Пред некое време Џорџ Клуни полушеговито изјави дека има амбиции да влезе во политиката, а зошто не и да стане претседател на САД. Потоа како да се повлече, но идејата изгледа не отпаднала сосема од неговата агенда. За време на презентацијата на лентата со негово учество “Suburbicon” на филмскиот фестивал во Венеција, актерот навести дека би сакал да го смени Доналд Трамп.

Запрашан дали сè уште ја разгледува идејата да се проба за претседател на Америка, актерот изјави:

“Дали сакам да сум следниот претседател? О, тоа би било забавно. Ајде само да кажам дека би сакал секој друг да биде следниот претседател на САД. Ако може да застане веднаш”, прокоментира ѕвездата, нагласувајќи дека не е воопшто среќен со управувањето и политиката на Трамп.

Откако Доналд застана на чело на САД, Џорџ е еден од најхрабрите јавни критичари. Пред неколку дена тој повторно го закачи кога пред медиумите изјави:

“Стана јасно дека овој човек е неспособен да биде претседател на Америка. Добрата вест е дека останатите институции – печатот, судот и сенаторите – докажаа дека земјата може да продолжи напред”.

Клуни не е единствената ѕвезда, која отворено го критикува Трамп. Неодамна дури и риалити ѕвездата Ким Кардашијан си дозволи јавно да ги коментира неговите активности во новиот број на арапското Harper’s Bazaar велејќи: “Ќерка ми би била подобар претседател”.