Клуни се претстави во Венеција како режисер, но не и актер

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Американската кинолегенда Џорџ Клуни го претстави вчера својот нов филм “Субурбикон” во натпреварувачката програма на Венециjaнскиот филмски фестивал. Ова е шестата негова режисерска работа, но сега за првпат не игра во свој филм. Во него тој ги собра старите пријатели. Сценаристи се познатите браќа Коен, со кои Клуни неколкупати работел.

Главните улоги ги толкуваат Мет Дејмон и Џулијана Мур, која толкува две улоги: на парализирана жена на протагонистот и на нејзината сестра.

Венеција зазема посебно место во животот на Клуни. Во овој град пред три години т.н. непоправлив ерген се ожени за Адвокатката Амал Аламудин. Овој пат тој помина со неа под рака по црвениот тепих, великодушно раздавајќи автограми. А во еден од најдобрите хотели во градот двојката ја чекаа тримесечните близнаци Ела и Александар.

Новиот филм е посветен на карактеристичната за неговото творештво акутна социјална тема – расизмот. Сценариото на браќата Коен од пред 30 години не ја изгубило актуелноста. Дејствието се одвива во една од јужните држави на “еднокатна Америка” во 1959 година. Трагичните настани во едно обично навидум семејство на протагонистот се развиваат паралелно со непријателството на целото бело население кон преселеното во градот црнечко семејство.

“Денес над Америка виси црн облак. Сите во земјата се зли. Ние на телевизија слушавме предизборни говори дека треба да се креваат ѕидови и Америка да стане голема “, изјави Клуни. Токму зад ѕидот се обидуваат да го зачуваат идентитетот белите жители на измислено гратче. Иако Клуни не го споменува никаде Доналд Трамп, филмот исполнет со критика кон сегашниот претседател. “Нашиот вистински првороден грев е ропството. И досега ние продолжуваме да мислиме погрешно, обвинувајќи ги малцинствата за сè. Мојот филм е за тоа што ние така не го решаваме проблемот со расизмот “, призна Џорџ Клуни.

Според критиката филмот е меѓу претендентите за големата награда на фестивалот.