Клуни во кујна

од Vlatko K
304 прегледи

Џорџ и Амал Клуни моментно уживаат во заслужениот одмор во својата куќа во близина на
езерото Комо во Италија. Двајцата сопружници имаа романтична вечера во ресторанот Da Ivo.


По се изгледа дека вечерата била исклучително вкусна, а и очигледно готвачите се потрудиле да
дадат сè од себе, штом дознале дека нарачката е за семејството Клуни, бидејќи на крајот на
вечерта актерот влегол во кујната и се фотографирал за спомен со вработените во ресторанот.

Амал ја пропушти средбата со топ готвачите, но сигурно Клуни ги предал поздравите од нејзино
име.