261
„Клупата на Горан Стефановски, малото, но сепак големо спомен обележје на македонскиот литературен лауреат, го започнува патешествието од Лондон до Скопје“, објави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Тој очекува наскоро да пристигне тука и заедно со семејството, пријателите, но и со сите почитувачи на ликот и делото на Стефановски, да ја постави во Дебар Маало.
Уште во октомври лани синот на Горан, Игор Стефановски, соопшти дека клупата е готова.
„Едвај чекам да си дојде на своето предвидено место и да можеме да си седнуваме на неа со него,“ напиша тогаш тој на Фејсбук.