Кнаус: ЕУ ќе го загуби кредибилитетот на Балканот ако Бугарија ги блокира преговорите со С. Македонија

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Австрискиот политички аналитичар и директор на тинк – тенкот Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус, оценува дека доколку не се најде решение за најавата на Софија за блокада на пристапните преговори на С Македонија, ЕУ ќе го загуби кредибилитетот на политиката за проширување, што би било трагично за Унијата, за С Македонија и за Бугарија.

-Освен ако не се реши ова, кредибилитетот на политиката за пристапување во ЕУ ќе се распадне во 2020 година, под германското претседателство со ЕУ. Во време на веќе огромна нестабилност околу ЕУ, оценува австрискиот експерт за Западен Балакан.

Според него, не е нормално вклучување на различни ставови за идентитетите во преговарачката рамка за пристапување во ЕУ и доколу Бугарија инсистира, тоа едноставно значи дека нема разговори за пристап, ни сега, ни никогаш.

Решението, вели, е очигледно, а тоа е Бугарија и Македонија да се согласат дека се разликуваат во однос на нивните погледи на историјата.

Позицијата на бугарска влада дека македонскиот идентитет е титовистичка „измислица“ на „сметка на историјата на соседните земји“ и за да започне пристапни разговори С. Македонија треба прво да прифати дека нејзиниот народ има лажен идентитет и јазик. -Ова никогаш нема да се случи, дециден е Кнаус