Која би била причината за стражa на гробот на Гоце Делчев, прашува Петровска

од Nikola Popovski
170 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска порача дека нема потреба од држење и организирање стража на гробот на Гоце Делчев во дворот на црквата Св. Спас во пресрет на 121-годишнината од неговото раѓање.

-Има едно прашање кое е неодговорено, а тоа е која е причината за овие стражи? Што сакаат овие наводни стражари да прикажат? Дека институциите во државата не функционираат? Не, напротив. Тоа е само обид да го прикажат тоа. Нема услови или потреби за создавање на никакви паралелни структури затоа што институциите на државата функционираат, особено институциите кои се задолжени за безбедноста и стабилноста на оваа држава, рече Петровска во емисијата „Аргумент плус“.

Пред неколку дена од Патриотскиот институт на опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе организираат стража на гробот на Делчев и ги повикаа граѓаните да им се придружат.

Слични содржини