Коџабашев: Нашата грижа за Бугарите во С. Македонија нема да исчезне по изборите на 2. април

од Nikola Popovski
148 прегледи

До крајот на месецот Софија и Скопје ќе одржат консултации за проблемите од конзуларна природа со кои нашата земја продолжува да се соочува во односите со Северна Македонија. На средбата Бугарија ќе ги постави сите отворени прашања на оваа тема, вака изјавил заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Костадин Коџабашев.

Додал дека посебниот оддел во тамошното МНР продолжува да добива извештаи за односот на македонските гранични власти кон Бугарите на 4-ти февруари, кога се чествуваше роденденот на Гоце Делчев.

„Кршењето на правата на Бугарите, без разлика дали се бугарски државјани или државјани на друга земја, е апсолутно неприфатливо и ќе ги искористиме сите расположливи можности, сите наши ресурси, да се спротивставиме на ваквите дејствија, кои ги носат сите знаци на систематска и насочена политика“, рекол Коџабашев, пренесува „БНР“.

Според него, „политичарите во Северна Македонија ја злоупотребуваат тезата дека Софија намерно сега го покренува прашањето за правата на македонските Бугари поради претстојните избори“

„Оваа теза не кореспондира со вистината и повеќе звучи како изговор за недостиг на волја од страна на Скопје наскоро да започне со спроведување на обврските преземени одамна. Нашата грижа за Бугарите во Република Северна Македонија нема да исчезне по следните избори, бидејќи проблемот со нивните права нема да исчезне. Колку побрзо властите во соседната земја го препознаат постоењето на овој проблем и преземат ефективни чекори за негово решавање, толку побрзо Скопје ќе напредува на својот европски пат“, изјави бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Коџабашев.

Слични содржини