Кој е Ислам Абази -наследникот на Вилма Русковска?

од Nikola Popovski
433 прегледи

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази е нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, на местото на досегашната шефица Вилма Русковска.

Тој доби 66 гласови од вкупно 160 обвинители кои можеа да гласаат. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири.

Според анкетниот лист што тој како јавен обвинител го пополнил во Антикорупциската комисија, може да се види дека Абази располага со куќа во селото Зајас, кичевско од 1998 година, за која е наведено дека е имот на родители, но нема податок како е стекната. Абази од 1985 година има стан во Кичево вреден околу 30 илјади евра, имот на родители. Новиот шеф на ОЈО ГОКК од 1999 година вози „фолксваген голф“ вреден околу 5.000 евра.

Абази има и кредит, на сума од 250 илјади денари, кој го зел во 2009 година и го отплаќал 4 години.

Кандидатките Вилма Русковска, досегашна шефица на ОЈО за организиран криминал и колешката Деса Пауновска добија 14, односно само 10 гласови, од сите 163 обвинители во Македонија.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

Слични содржини