Кој е новиот командант на руските сили во Украина: Заедно со Путин ја испланирале крвавата инвазија

од Nikola Popovski
189 прегледи

Во текот на вчерашниот ден рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го назначи началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за врховен командант на руската воена кампања во Украина, што е последен во серијата потези за реорганизација на руското воено раководство.

Шојгу го назначи Герасимов за командант на заедничките сили за „специјални воени операции“ во Украина, објави тамошното Министерство.

Во октомври, Русија го назначи Сергеј Суровикин, наречен „Генерал Армагедон“ поради неговата наводна немилосрдност, за главен командант на фронтот, кој сега ќе биде заменик на Герасимов.

Оваа промена треба да придонесе за ефективноста на воените операции во Украина, кои траат повеќе од 10 месеци.

Герасимов и Шојгу се мета на критики од руските блогери кои се залагаат за ескалација на војната во Украина и ги обвинуваат за неуспех на бојното поле.

Во среда има жестоки судири за освојување на Соледар, град на истокот на Украина кој е клучен за напредување на руските сили и заземање на целиот Донбас.

Се чини дека руските сили зајакнуваат и бележат надмоќ на терен, пренесува Ројтерс.

Герасимов беше еден од тројцата луѓе, заедно со рускиот претседател Владимир Путин, задолжени за планирање на инвазијата на Украина.

Во мај, тој, наводно, ја посетил линијата на фронтот во источниот регион Донбас, бидејќи војниците страдале од слаб морал и тешки загуби. Герамисов беше командант ветеран од Втората чеченска војна.

Поранешниот украински новинар и воен ветеран Виктор Коваленко тврди дека Путин го испратил Герасимов во Украина за да ја „обезбеди својата победа до 9 мај“. Целата работа е уште побизарна ако се има предвид дека само неколку недели претходно Путин го назначи озлогласениот генерал Александар Дворников за врховен командант на руските сили во Украина.

Фото: Sergei GUNEYEV / SPUTNIK / AFP

Слични содржини