Лидерот на Алијансата за Лабанците, Арбен Таравари синоќа во емисијата „Аргумент“ на вториот канал на јавниот сервис постви прашање кој е вистинскиот лидер во ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски или Александар Николоски.
Тој апелираше до Николоски да појасни зошто само неговото име не е вмешано во прислушувањето!
Порача дека доколку продолжи со оваа реторика, ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе се договори по парламентарните избори со која било албанска политичка партија.
На прашањето какви се неговите односи со првиот вицепремиер на земјава, Артан Груби, Таравари вели дека „продолжуваат да бидат критичари на погрешните политики на ДУИ“.
Во однос на поранешниот претседател на АА, Зијадин Села, актуелниот градоначалник на Гостивар вели дека не поминува ден без да комуницираат.