77
Коалицијата за Промени и Правда (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, МОРО-РП И ДЕМОС), укажуваат на апсурдноста, ВМРО-ДПМНЕ ,по секоја цена да поднесе листи за пратеници и покрај тоа што се согласиле изборите да се одложат најмалку за шест месеци.
Наместо листи за кандидати за пратеници, на Македнија и е потребна Експертска и пред се реформска Влада, која ќе ја стабилизира состојбата и ќе спроведе раформи во медиумите, правосудниот систем (реизбор на сите судии и обвинители), безбедноста, како и целосна деполитизација и департизација на државните институции.
Со најновиот избирачки список, како и објавениот креиран вкупен број на жители во Република Македонија (над 2.400 000), само се потврди дека Владата и ДИК немале намера да го прочистат и не го прочистиле избирачкиот список.
Очекуваме соодветна реакција од ДИК и свикување на седница на Собранието заради и формално одлагање на изборите и избор на Влада, со што ќе започне процесот на стабилизација.