Коалицијата „Србија против насилството“ (СПН) денеска соопшти дека врз основа на 81 процент од преброените гласови во Белград, листата на СНС има 21 илјада гласови повеќе од листата на СПН.
Коалицијата СПН тврди дека во Белград организирано биле донесени над 40.000 лица без легален престој за да ја поддржат листата на СНС и дека, како што велат, „драстично е променета изборната волја на граѓаните на Белград“.
Затоа бараат поништување на изборите во Белград и повторување на гласањето за градското собрание, како и „прочистување на избирачкиот список“.
Коалицијата „Србија против насилство“ најави протест пред Републичката изборна комисија поради, како што тврдат, „кражба на изборната волја“.
Незадоволни од изборните резултати, претставниците на листата „Србија против насилството“ синоќа изјавија дека нема да ги прифатат резултатите од изборите во Белград кои ги објави СНС.
Еден од носителите на таа листа, Мирослав Алексиќ, изјави дека гласовите ќе се пребројуваат во текот на ноќта, а најголемите избирачки места не се пребројани.