Силно негодувањето на Централниот еврејски совет предизвика фотографијата која ја закачи на Facebook пратеникот од Независните Грци Димитрис Каменос критикувајќи ги демонстрациите “Остануваме во Европа”, соопшти grreporter.info.
Реакцијата на организацијата на Евреите во Грција, беше предизвикана од фактот дека Димитрис Каменос користи слика од влезот на концентрациониот логор “Аушвиц”, во кој натписот «Arbeit Macht Frei» е заменет од девизата «Остануваме во Европа» на сите оние кои се изјаснија “за” останувањето на земјата во еврозоната и Европската унија. «Велат” Остануваме во Европа “,” по секоја цена “, велат” дајте да потпишеме сè “, велат. Велам “да”, откако ја платат цената », напиша под фотографијата пратеникот од Независните Грци. «Го повикуваме претседателот на грчкиот парламент и претставниците на сите демократски партии да го осудат ова злонамерно сквернавење на меморијата на 6-те милиони Евреи и сите други жртви на холокаустот, бидејќи тоа ја сведува борбата против фашизмот и нацизмот во нашата земја », се наведува во пораката на организацијата на Евреите во Грција.
«Не смееме да останеме рамнодушни, бидејќи ако како општество дозволиме искривување на историската меморија за холокаустот, тогаш се ќе е сеедно, и да ги отвориме повторно портите на “Аушвиц”, за да бидат извршени нови злосторства против човештвото »завршува пораката од Централниот еврејскиот совет. Дејството на грчкиот пратеник предизвика реакции и надвор од земјата. Унгарскиот новинар Золтан Консицки одговори во социјалната мрежа Twitter со следнава порака: “Грчки пратеник објавува ваков ужас. На плочата пишува:” Остануваме во Европа “. Искрено, м … ти. Јас изгубив членови на своето семејство таму”.
