Коалиција „Менуваме”: Град Скопје и ЈСП не обезбедуваат пристапен јавен превоз за лицата со попреченост

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Коалицијата „Менуваме” реагира зошто Град Скопје и ЈСП не обезбедуваат пристапен јавен превоз за лицата со попреченост и бараат средба со градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски на ЈСП со цел надминување на проблемот.

-Говорниот синтетизатор за лица со оштетен вид е вон функција и уништен, рампите за оние со телесна попреченост не работат, а автобуските постојки се непристапни. Во македонската метропола, ако имаш попречен вид, телесна попреченост и друга попреченост имаш минимална достапна подвижност.

Од Коалицијата „Менуваме” посочуваат дека минатата година понудиле системско решение за по квалитетен, безбеден, навремен превоз за лица со попреченост, но до ден денес нема одговор на нивното барање.

Од „Менуваме” најавуваат дека ќе ги известат сите институции во земјата и странство со цел да престане, како што велат, дискриминацијата кон лицата со попреченост од страна на Арсовска.

Слични содржини