Коaлицијата АА/А: Со бесплатната патарина за српските туристи, Владата ги дискриминира другите соседи

од Берта Китинска
309 прегледи

За коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива одлуката на Владата да ги ослободи од плаќање српските државјани од патарини е скандалозна со која ги дискриминира и граѓаните на соседните држави и своите граѓани.

-Со одлуката за доделување на 200.000 картички за ослободување од наплата на патарина за туристите од Србија, Владата ги дискриминира сите други соседи од кои земјава има исто така придобивки, соработка и добрососедски односи. За овие картички Министерството за Финансии ќе троши речиси 3 милиони евра, пари на наши сограѓани, кои сега треба да ја платат цената на милоста на Србија, која дојде како последица на неспособноста на Владата и Министерството за Здравство за обезбедување на вакцини против КОВИД19. Од друга страна, жители на селата од околината на автопатиштата се должни секој ден да платат за пократки далечини при поврзување со градот, велат од Коалицијата.