Коби и Џиџи погребни во тајност, протекоа деталите од смртта

Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана Брајант се закопани на тајна церемонија во Корона дел Мар во Калифорнија, јавуваат американските медиуми. Легендарниот кошаркат и неговата ќерка се погребани во петокот на гробиштата Пацифик Вју Меморијал Парк, а информацијата за погребот е потврдена денес.

На погребот не биле присутни ниту новинари, ниту фотографи.

Во јавноста излезе и посмрттниот лист на починатиот кошаркар на кој е потврдено дека тој е погребан на 7 февруари. Во листот на Коби Брајант се наведува дека починал од траума. Смртта настапила моментално.

На 24 вефруари ќе биде оддржана свеченост на славење на животот на Коби Брајант и неговата ќерка.

Слични содржини