Коцевски ги остави метастазите на СДСМ да се шират, рече Петрушевски

од Nikola Popovski
44 прегледи

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска повторно обвини дека обвинителот Љупчо Коцевски ја оневозможува правдата, односно дека има 0% реализација и целосно кочење на постапки. Според пратеникот, дека Коцевски не планирал да гони криминал, туку да ги штити кадрите на СДСМ е непостапувањето, како што вели, против судиите и обвинителите во случајот со Наќе Георгиев и Иџет Мемети, кои признаа вина дека се стекнале со имотна корист за да влијаат на намалување на казната на „Боро Марлборо“.

-Љупчо Коцевски ги остави метастазите на СДС во правосудството да се шират. Коцевски како шеф на ЈО покажа дека е неспособен да реализира предмети на висока корупција, затоа што ги штитеше кралевите на криминалот и корупцијата – СДС, тврди членот на најголемата владеачка партија на прес-конференција.

Откако Владата на седница донесе заклучок дека е потребна смена на државниот јавен обвинител, во Министерството за правда го финализираат документот, кој ќе се проследи за мислење до Советот на јавните обвинители. Вицепремиерот Изет Меџити не открива детали. Вели дека не се разговарало за персоналното решение, туку дека тој треба да биде професионалец од својата област.

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебните обвинувања кој го партизира обвинителството. Според социјалдемократите, разрешувањето на Коцевски е обид на ВМРО-ДПМНЕ за инсталација на партиски послушник.

-Да се почитува законот, порача пак американската амбасадорка Анџела Агелер, по барањата на власта за оставки од страна на Коцевски и петтемина членови на Судскиот совет избрани од Собранието.

Првиот човек во обвинителството тврди оти работел чесно и не го кршел законот.

Министерството за правда го подготвува предлогот што Владата ќе го испрати до Советот на јавни обвинители за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Слични содржини