Коцевски требаше да му слугува на народот, а не на СДС, затоа треба да биде сменет. ВМРО-ДПМНЕ имаше разбирање за Љупчо Коцевски со месеци, тргајќи од премисата дека можеби бил под притисок на СДС и од неговите зборови дека ќе почне беспоштедна борба против криминалот. Сега неколку месеци потоа е сосема јасно дека Коцевски од секогаш бил слуга на СДС, вели на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со месеци Љупчо Коцевски не работи ништо. Нема никаква иницијативност, ниту желба да се подобрат работите во обвинителството.
Народот со право е разочаран од правосудството, кога на чело на ЈО седеше Коцевски кој со месеци нема отворено еден предмет, а на скалите за мерење на корупција рушиме рекорди.
Не може цел свет да гледа корупција и проблем во правосудството, само Љупчо Коцевски кој треба да се бори против истата никако да не ја види.
На народот му е преку глава од изговори. Љупчо Коцевски доста беше. Одговорност има“, додава тој.