Државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски објави дека истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е завршена, а од утре почнуваат прегледите на доказите од страна на одбраната. „По повеќе од два месеци, истрагата е готова, а одбраната во следните 15 дена ќе може да ги разгледува доказите и да доставува свои, по што Јавното обвинителство ќе донесе конечна одлука, рече Коцевски за Телевизија 24.
Тој додаде дека ова е еден од најсложените случаи во државата досега, со многу собрани докази и активности, при што во истрагата биле вклучени 13 обвинители. „Во краток рок ги обезбедивме сите важни докази кои беа потребни за оваа истрага, истакна Коцевски. Исто така, истрагата ќе продолжи во делот на улогата на полицајците кои биле присутни во дискотеката во ноќта на пожарот, и ако се појават нови докази, можеби ќе биде проширена.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март одзеде 63 животи, додека околу 200 лица беа повредени.