Кочанчанец ѝ кажал на сопругата за кого да гласа, потоа самиот јавно соопштил како гласал

од Vladimir Zorba
1,3K прегледи

Во ОВР Кочани претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место 835 пријавил дека околу 11 часот, С.М. го нарушил избирачкиот процес и на гласачкото место и кажал на својата сопруга за кого да гласа, а кога бил предупреден од страна на избирачкиот одбор јавно кажал за кого гласал и не го свиткал уредно избирачкото ливче.

За настанот изготвен е записник од страна на избирачкиот одбор, запознаен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на тајноста на гласањето“.

Слични содржини