Кочанскиот суд ги прати сите документи од предметот за пожарот во „Пулс“ во Скопје

од Nikola Popovski
29 прегледи

Со два автомобила и полициска придружба, Кочанскиот суд во Скопје ги прати сите документи од предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова следува по поднесеното обвинение за трагедијата во којашто загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, но и по одлуката на Врховен, постапката да се води пред Кривичниот суд во Скопје.

Ваквата одлука беше донесена зашто судовите во Штип и Струмица немаат кадровски и технички потенцијал, односно, немаат доволно судии по кривично право.

Поради сложеноста на предметот и бројот и на обвинети и на оштетени, Врховниот суд реши да постапуваат судии од скопска единица, кои ќе гарантираат ефикасност, стручност, законито постапување.