Кочов: Потребен е нов систем за менаџирање на УКИМ

од desk4
158 прегледи

Кандидатот за нов ректор на УКИМ, Атанас Кочов, решавањето на пробкемите во високото образование го гледа само со воспоставување на нов систем на менаџирање.

Универзитетот мора да има претприемнички дух. Поседува голем недвижен капитал низ Македонија кој не е искористен. Зошто да не се оди на јавно-приватно партнерство? Тоа ќе дозволи влез на капиталот од стопанството, со кој ќе се надградиме. Ефектите ќе бидат повеќекратни. Ќе се обезбедат подобри услови за настава и повеќе средства за плати“, е предлог што го нуди кандидатот за нов ректор, Атанас Колов.

Како и во секоја средина, и во УКИМ има наталожени проблеми кои мора да се решат. Но, предност треба да им се даде на горливите, кои веќе не можат да трпат одложувања. Меѓу нив се менаџирањето со средствата и инфраструктрата, укажува актуелниот кандидат за ректор на најстариот македонски Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, професор д-р Атанас Кочов од Машинскиот факултет. Според него треба да се смени менаџирањето со средствата што доаѓаат од меѓународните проекти во УКИМ,

ФИНКИ има четири илјади активни студенти. Убедливо најголем број. Наставата се одвива на четири факултети каде што се под кирија. Професорите се сместени во подрумски простории. И не е само тој просторен проблем, има факултети чии објекти се руинирани“, вели Кочов.

 

Слични содржини