Коцијанчич: Аболицијата да се поништи за да нема селективна правда

од desk3
157 прегледи

Европската комисија го следи последниот развој на настаните, изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашање на „Мета“ како ја коментираат одлуката на Собранието за селективна аболиција и какви мерки би можеле да следат од Брисел.

maja_kocijancic

– Нашата позиција е многу јасна за ова посебно прашање, а таа е изразена во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан – рече портпаролката на ЕК.

Коцијанчич исто така повтори дека аболицијата мора итно да биде поништена.

Аболицијата веднаш или црна листа за 60 лица од Македонија

„Партиите мора итно да се справат со сериозниот проблем – помилувањето кое претседателот Иванов го даде на бројни функционери. По вчерашната одлука на Парламентот, очекуваме помилувањето од 12 април неодложно да биде поништено за да се зачуваат принципите на одговорност, да се спротивстават на сериозната загриженост поради неказнивоста и да се избегне селективната правда. Еден од фундаменталните демократски принципи е сите граѓани да бидат еднакви пред законот – рече Коцијанчич.

МЕТА