Европската комисија денеска ги повика политичките лидери и другите државни институции да го почитуваат и да не се мешаат во работата на Специјалното јавно обвинителство.
– Сите треба да се воздржат од мешање во работата на Специјалното јавно обвинителство, кое е задолжено за воспоставување на правната одговорност за тоа што беше обелоденето со прислушуваните разговори – изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашањето како го коментираат вчерашното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов, во кое тој рече дека СЈО се претворило во институција за уцени.
Косово го екстрадираше комaндант Сула, учесник во “Диво насеље”
Коцијанчич, изреагира и за одлуката на опозициската партија СДСМ да го замрзне своето учество во Собранието сè додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на СЈО.
– Партиите се самите одговорни да ја донесат нивната земја назад на евроатлантскиот пат. Политичката криза почна да има негативни последици за земјата и за нејзината евроатлантска иднина. Ова не е вообичаено и секое понатамошно недејствување ќе има последици. Конкретните резултати и робустните реформи во следните недели ќе бидат клучни за тоа дали Европската комисија ќе ги повтори своите препораки во следниот годишен извештај – изјави Коцијанчич за „Мета“.