Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанцич за Телма изјави дека Европската унија не префрла кеш пари на банкарски сметки на македонската влада, туку преку фондови ги поддржува активностите кои се потребни за справување со мигрантската криза.
Ова е одговорот на прашањето: Колку пари Унијата и дала на Македонија за справување со кризата, откако вчера претседателот Иванов во интервју за германски Билд ја обвини Европската унија дека досега не префрлила ниту еден цент за решавање на овој проблем.
-Поддршката за земјата за активности наменети за гранично управување и миграција досега изнесува речиси 50 милиони евра. Едно нешто е важно-правилата за тоа како ние ги користиме парите на даночните обврзници се многу конкретни.
Повеќе ТУКА
