Поканата за учество на Самитот за меѓународната мигрантска криза овој викенд во Брисел била упатена директно до претседателот Ѓорѓе Иванов, со одлука на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, без претходно консултации, потврдија за Телма од Европската Комисија.
„Претседателот Јункер ја испрати поканата директно до г-динот Ѓорѓе Иванов , претседател на Поранешната југословенска Република Македонија. Тоа беше одлука на претседателот Јункер без претходни консултации“ – изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанциќ на прашањето на Телма – дали поканата е упатена директно до Иванов со или без претходни консултации со македонските власти.
Со ова директно се негира тврдењето на владината прес служба на веста на Телма, дека Премиерот имал однапред договорена агенда и посета на ОАР .
Повеќе ТУКА
